Заврши реализацијата на градежните активности за модернизација на преминот на горниот строј на пругата Велес – Кочани, на патниот премин „Основен суд“, на дел од ул. „Никола Карев“ во Кочани.
На премините е поставена гумена подлога со цел да се олесни минувањето на возилата и да се забрза протокот на сообраќајот, со што сообраќајот сега се одвива во нормален тек.
Општина Кочани повикува на почитување на сообраќајните правила и прописи.