Здружението на Роми АВЕНА од Кочани и ООУ „Малина Попиванова“ денеска во просториите на Хотел „Амор“ го означија завршувањето на ЕРАЗМУС+ проектот ESL Preventers и ги сумираа резултатите од проектот „Воспоставување на мониторинг систем за рано напуштање на училиштето за Ромските ученици од примарните училишта“, финансиран од ЕУ програмата ЕРАЗМУС+.
На денешниот настан присуствуваа локални проектни партнери, проектните партнери од Република Грција и Република Бугарија, локални претставници на заинтересирани субјекти чија дејност е поврзана со воспитно-образовните процеси и градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов.