За 3,5 години, Општина Кочани и десетина други институции применија повеќе мерки за подобрување на енергетската ефикасност. Со средства од меѓународни извори, од државниот и општинскиот буџет, извршена е реконструкцијата и изградба на енергетски ефикасни објекти и фасади, обезбедени се субвенции за фотоволтаици, за замена на постојните со ПВЦ прозорци и врати.

Нова, енергетски ефикасна фасада добија Центарот за култура „Бели мугри“, Мултикултурниот центар, ОУ „Малина Попиванова“. Во изградба е новата детска градинка во Кочани, oбјект со најсовремена фотокаталитичка фасада, со ефект на 40 дрвца и можност да го прочистува воздухот во околината на градинката од смог и загадување.

Општинската зграда и двете средни училишта во Кочани, „Љупчо Сантов“ и „Гошо Викентиев“ имаат инсталирани фотонапонски системи, со што овие објекти сами произведуваат струја. Тоа значи намалени трошици, а зголемена искористеност на сончевата енергија како обновлив извор.

Од Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година на Генералниот секретаријата на Владата,  30 инвертер-клими се поставени во основните училишта „Раде Кратовче“ и „Малина Попиванова“.

Со цел да се подобри животната средина и да се намали загадувањето на воздухот, во 2019 и 2020 година Општина Кочани од сопствениот буџет намени 3,3 милиони денари за субвенционирање на 258 граѓани кои се определија да ги заменат грејните тела на дрва, јаглен, нафта или мазут, со печки на пелети или со инвертер-клими. За стимулирање на жителите за користење на велосипедот како превозно средство што не ја загадува околината, Општина Кочани воведе и субвенции за волсипеди.

Една од најголемите придобивки во заштитата на животната средина е што во ноември 2020 година дел од Осоговските Планини, со одлука на Владата беа прогласени за заштитено подрачје – заштитен предел V категорија.

По повод 5 Март – Меѓународниот ден на енегетската ефикасност, градоначалникот  на Општина Кочани Николчо Илијев упати повик до сите граѓани за разумно користење на енергијата, со што ќе покажеме поголема грижа кон животната средина.