
Во лесната индустрија преовладува преработката на текстил (конфекциско производство), дрвопреработувачката индустрија, градежништво и најголем број на малите и средни претпријатија се вклучени во трговската дејност.
Во Општина Кочани има активни 1.403 деловни субјекти (заклучно со 31.12.2013 год.) од кои 1.021 се микро, 370 мали, 11 средни и 1 големо претпријатие.
Деловните субјекти, главно, според главната дејност се распоредени по следните сектори: трговија (40%), преработувачка индустрија (17%), транспорт (6%), земјоделство (5%), градежништво (3%) и услужни дејности (7%), додека останатите проценти се однесуваат на образование, здравство, социјална заштита, финансиски дејности, административни работи, уметност, информации и комуникации и друго.
