Општина Кочани и годинава ќе учествува во најголемата еколошка акција во државата, Генералка Викенд 24, којашто по четврти пат ќе се одржи на 17, 18 и 19 мај.
 
Еколошката акција во Кочани ќе се одржи на 17 мај со почеток во 09:00 часот, а ќе се расчистува на повеќе локации во градот. Во акцијата ќе учествуваат вработени во општинската администрација, КЈП „Водовод“, учениците од основно и средно образование, како и децата од ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани.
 
Акцијата „Генералка викенд 24“ е во организација на компанијата „Мен анд маунтен“ и се реализира со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Пивара-Скопје, Пакомак, Шпаркасе МК, Нула Отпад, Бучим, Макстил, ЕВН, Костал и Бимилк.
 
Општина Кочани ги повикува сите заинтересирани граѓани да се приклучат на акцијата за чистење за да го направиме градот почист и поубаво место за живеење.