Со финалето помеѓу фудбалските екипи на „Аква центар“ и „Бели“, на 12 јули вечерта заврши 14. Петровденски турнир во мал фудбал.
Од осумте екипи – учесници на турнирот, победи „Аква центар“, која во финалето постигна резултат од 6:0.
Освен пехарот од Општина Кочани „Аква центар“ ја доби и паричната награда во висина од 12 илјади денари.
Второто место го освои екипата на „Бели“, која доби 8 илјади денари, а третопласираниот состав на „Либеро кафе“ кој во борбата за третото место го совлада „Деликатес“ со 6:1, заработи награда од 4 илјади денари.
За најдобар играч на турнирот е прогласен Борче Петров од тимот на „Аква центар“, најдобар стрелец е Симе Јорданов, од екипата на „Бели“ – со 10 постигнати погодоци, а најдобар голман Никола Јовановски од „Аква центар“.
Наградите на најуспешните како и на судиската двојка им ги врачи градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски.