Тимот на „Авто велт“ е победник на 22. издание на Петровденскиот турнир во мал фудбал, кој во финалниот натпревар со резултат 2 : 1 ја совлада екипата на „Рели“.
Третото место го освоија фудбалерите од „Амфенол технолоџи Македонија“, кои со 4 : 3 ги победија противниците од „Естон дизајн“.
На трите најуспешни екипи Општина Кочани им додели награди во износ од 60 илјади, 30 илјади и 15 илјади денари.
За најдобар стрелец на турнирот беше прогласен Јован Дојчинов од „Рели“, наградата за за најдобар фудбалер ја доби Горан Стојанов од „Авто велт“, а годинава најдобар голман беше Ѓоре Јовановски од екипата на „Рели“. Најуспешните поединци добија вредносни ваучери со износ од 6 илјади денари.
Наградата за најдобар млад фудбалер, во чест на прерано починатиот сограѓанин Благоја Апостоловски-Баки, ја доби Марио Симоски од екипата на „Естон дизајн“. Наградата е од семејството Апостоловски, а ја врачи братот на Баки, Даниел Апостоловски.
Организатор на турнирот во мал фудбал е ОФС – Кочани, со средства од Општина Кочани.