Општина Кочани, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата – Кочани и МВР ОВР ПС Кочани одржаа едукативни предавања во двете средни училиште во Кочани како дел од кампањата за поголема безбедност на младите во сообраќајот – посветена на матурантите.

Во рамките на предавањата, преку мултимедијална презентација, учениците матуранти од СОУ „Гошо Викентиев“ и СОУ „Љупчо Сантов“ непосредно се запознаа со ризиците од управување на возило под дејство на алкохол и практичните причини прославите да поминат без да се управува со автомобил.

На предавањата беше нагласено дека сообраќајната свест и безбедност зависи од секој од нас, за што е потребно одговорно однесување и почитување на сообраќајните правила и прописи.