ЕВН најавува прекин на електричната струја на неколку локации во Кочани

Поради интервенции во мрежата што ќе ги изведе операторот на дистрибутивниот систем, снабдувањето со електрична енергија во Кочани ќе биде плански прекинато на 21 јануари 2020 година.

Од 8 до 12 ч. прекин ќе има на улиците: „Тринаесетта македонска бригада“ „Педесетта македонска бригада“,  „Февруарски поход“, „Павлина Велјанова“, „Орце Николов“, „Бел камен“, „1 Мај“, „Роза Петрова“,  „Стефка Тасева“, „Ристо Симеонов“,  „Ѓорче Петров“, нас. Валог, нас. Текешински Лозја.

Од 12 до 14 ч. прекин ќе има на улиците: „Раде Кратовче“, Општина Кочани, Плоштад, ул „Карл Маркс“, „Кеј на Револуцијата“, „Љупчо Сантов“, „Стив Наумов“ и на делови од улиците во близина на Општина Кочани.