По повод Петровден, во дворот на црковниот храм „Свети великомаченик Георгиј“ се одржа Духовна академија посветена на светиот апостол Петар, патронот на Кочани.
Духовната академија започна со палење на 63 свеќи во чест на загинатите млади во пожарот на 16 март оваа година во Кочани, а митрополитот Брегалнички г. Иларион со свештенослужители одржа панихида за нив.
На настанот настапија Машкиот византиски хор „Св. Нектариј Битолски“ и Детскиот хор „Св. Стилијан“ од Битола, а актерот Благој Веселинов читаше извадоци од Светото писмо.