Ученици од Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ што изучуваат виолина, флејта и хармоника освоија вредни резултати на Државниот натпревар по музика, што се одржа во Скопје минатата недела.
Под менторство на наставничката по виолина, Драгана Трифуновиќ, а во пијано-придружба на проф. Марија Лазарова, прва награда освоија Тамара Охомуш и Иван Милосов, а со трета награда се вратија Марија Магдалена Божинова, Горица Јанева, Уна Гранков и Бојана Николова.
Мартина Пулковска, Јована Андова, Елена Чучуковска, Милена Златкова и Бисера Маркова освоија втора награда на Државниот, а Јована Благонова беше втора на Регионалниот натпревар по флејта. Нивната професорка Јованка Милојевиќ им се заблагодари за трудот и посветеноста на учениците и на пијано-соработничката, проф. Ивана Карова.
Во класата на проф. Слободан Трајанов, прва награда по хармоника освои ученикот Филип Стоименов, а трета добија: Кристијан Ставрев,
Бојан Костовски и Љупче Митев.