Фестивалската управа на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија го објавува повикот за избор на претстави за 59. Издание.
Право на учество на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија – Кочани имаат аматерски театри, работилници, драмски секции, студија, групи кои аматерски се занимаваат со рецитаторство,  експериментални и алтернативни сцени и други форми на самостојно сценско изразување и организирање кои творат во полето на драмскиот аматеризам во категориите: театар за деца и младинци, драмски аматеризам со елементи на традиционални, современи, авангардни и експериментални сценски изразни средства и модели;

На ДАФ – Кочани се прикажуваат автори и дела, театарски претстави од домашни и од странски автори. Изборот на драмскиот материјал е слободен и одредуван од страна на учесниците во натпреварот во рамките на завршните фестивалски денови;

При подготвувањето на драмскиот проект може да се консултираат и ангажираат и стручни лица, режисери, артисти, драматурзи, …

Во претставите на аматерските драмски ансамбли не може да настапуваат професионални артисти вработени во театарските куќи во земјава и во странство;

Вкупниот број на членови во аматерскиот театар што учествува во подготовка и изведба на драмскиот проект не смее да надминува повеќе од 16 лица за домашен драмски ансамбл и 10 лица за меѓународни аматерски ансамбли. Отстапување од одредбата за бројот на учесници може да биде одобрено само од страна на Фестивалската управа;

 

Целосно снимената претстава (видео материјалот) испратете го преку cloud системите (we transfer, dropbox, google drive, one drive и слично). Покрај видео материјалот, доставете го и текстот според кој е работена претставата (во word, pdf формат или scan).

Пријавите за учество на изборот на претстави за ДАФ – Кочани 2022 и снимените материјали (во електронска форма) се доставуваат до 20 АПРИЛ 2022 година, на е- пошта: festivaldaf@gmail.com