Општина Кочани организира дочек на Новата 2025 година во Градскиот парк во Кочани. Присутните ќе ги забавуваат Наташа Малинкова, Habana Brezze Bend и DJ Sandex.
Празничните денови ќе бидат збогатени и со Новогодишниот базар, како и со забави во периодот од 20 декември 2024 до 14 јануари 2025 година, а музички настан ќе се одржи и по повод божиќните празници.
