Поради вонредната состојба предизвикана од ширењето на коронавирусот, која ги намали или запре дел од активностите на единицата на локалната самоуправа, Општина Кочани почнува со достава на решенијата за даноци и за фирмарина по електронска пошта.

– Вообичаено, за достава на овие решенија ангажиравме лица со договор на дело. Но, за да се намали ризикот од ширењето на КОВИД-19, во овој период најбезбедна е доставата по електронска пошта. Затоа ги повикуваме  физичките и правните лица коишто се  наши даночни обврзници и коишто имаат е-адреси, да контактираат со Општина Кочани за да им бидат испратени даночните решенија – известуваат од Одделението за даноци, такси и надоместоци од Општина Кочани.

Даночните обврзници можат да контактираат со општинските служби преку е-адресите: danoci2020@kocani.gov.mk и телефонски со службениците од Одделението за даноци: Суад Мехмед – 072 275 638; Иван Андов – 072 275 642; Марија Илиева – 070 306 068 и Блашка Серафимова – 072 306 067, секој работен ден од 7:30 до 15:30 ч.

За наплата на општинските даноци во 2020 година, Општина Кочани треба да достави 12.627 решенија за данок на имот на физички и правни субјекти и 1.742 решенија за комунална такса односно фирмарина.