Вчера во кругот на територијалната противпожарна Единица Кочани беше извршена презентација на новото противпожарно возило со скала, донација од противпожарната служба на Крањ и од Општина Крањ. Се работи за возило марка „Магерус“ тешко 22 тони а чија скала може да достигне височина од 32 метри и истото ќе може да се користи за евакуација на лица или гаснење на пожари во висококатниците.
„Сакам да се заблагодарам од мое име и од име на нашата единица“, рече Блајог Паунов, командир на ТППЕ Кочани.
Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев јавно искажа благодарност до граѓаните и Градоначалникот на Општината Крањ за донацијата, притоа изразувајќи надеж дека возилото нема да има потреба да се користи, но и ако дојде до такво нешто со неговата интервенција ќе бидат спасени опожарени станови во високите згради и побезбедна евакуација на жителите од тие висококатници.
Во наредниот период во Кочани се очекува да пристигнат дел од вработените од Противпожарната служба Крањ за да се спроведе комплетна обука за ракување со оваа ново за наши прилики противпожарно возило.