Петнаесет ученици од социјално ранливи семејства од Општина Кочани ќе добијат таблет компјутери за да можат да се вклучат во наставата од далечина што се реализира за време на вонредната состојба предизвикана од коронавирусот. Таблетите ги донира тетовската фирма „Еколог интернационал“, чии претставници ја посетија Општината и ја предадоа донацијата за основците.

– Овие таблети се од големо значење за учениците, му благодариме на семејството Дестани, чија компанија „Еколог интернационал“ помага децата од ранливите категории да можат да се вклучат во онлајн наставата – изјави Александар Јосифов, секретар на Општина Кочани.

Наредните денови петте основни училишта од Кочани ќе достават предлози за ученици коишто ќе ги добијат таблетите.