Здружението на граѓани „Благородна мисија“ и Општина Кочани организираа прием и донација на половен мебел за социјално загрозени семејства во Кочани.
Гарнитура за седење, витрина, телевизиски приемник, постелнина и облека беа доставени до домовите на семејствата Неџипови и Тренчеви, кај кои најмногу се чувствувала потребата од ваков вид помош.
Мапирањето на социјално загрозените семејства на кои им е потребна помош, се врши преку канцеларијата на Општинскиот центар за социјални услуги, проект на ГИЗ и Локалната самоуправа.
Во наредниот период, Општинскиот центар за социјални услуги и одговорните во „Благородна мисија“ очекуваат донација од постелнина, облека, обувки и теписи, која ќе биде дистрибуирана до ранливи категории граѓани во Кочани.