Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов ги додели признанијата и наградите на творците на најуспешните цртежи на меѓународниот ликовен натпревар во Република Кина на тема: Повик за глобален мир на планетата Земја.
Лилјана Арсова, советник за образование во Општина Кочани соопшти дека на меѓународниот натпревар за сликање на млади 2023 година – Јангцу, Кочани зеде учество со 18 ученици и петмина ментори, кои освоија три трети, една втора и една трета награда.
Првата награда ја освои цртежот на Ведрана Лазарова, ученичка во Училиштето за цртање и сликање при ЦК „Бели мугри“, под менторство на Александра Димитрова, второнаграден е цртежот на Ангела Данилова од ОУ „Св. Кирил и Методиј’, под менторство на Марија Мицова Гацова, а трети награди добија: Драгана Филипова и Мила Захариева од Училиштето за цртање и сликање при ЦК „Бели мугри“ и Стефанија Атанасова од ОУ „Малина Попиванова“, под менторство на Викторија Митева.
– Ви честитам за вашиот труд и желба да создавате и да го афирмирате пријателството што постои долги години меѓу Кина и Македонија, односно меѓу збратимените градови Кочани и Вуши. Овој начин на соработка нека придонесе за нејзино проширување со нови форми, а за вас нека биде мотив за нови успеси – истакна градоначалникот Папазов пред присутните.
На ликовниот натпревар учествувале 2000 училишта во Јангцу, Република Кина и над 100 градови и партнери од 50 земји ширум светот.