Остатокот од кракот 2 од улицата „Стамен Манов“ во Ромското Маало доби асфалт.

Според Драги Илијевски, помошник-раководител на Секторот за управување со градежно земјиште на Општина Кочани асфалтиран е крак во должина од 152 метри и широчина од 5 метри, поставени се рабници и тампон. Еден и пол милион денари се обезбедени од Владата на Република Македонија, преку Програмата за финансирање „Декада на Ромите“, а 200 илјади денари се од Буџетот на Општина Кочани.

Активностите се продолжение на претходно започнатите работи за асфалтирање што стартуваа пред три години, кога беа асфалтирани 150 м. Поради конфигурацијата на теренот беше изграден потпорен ѕид во должина од 90 м и просечна височина од околу 2,5 метри. Комплетирањето на асфалтната површина ќе овозможи поврзување со кракот 1 од истата улица што води кон месноста Колерски Гробишта.