Врз основа на член 33 став (1) алинеја 1 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/2006, 2/2012 и 4/2015), ја свикувам 9-тата седница на Советот на Општина Кочани за 14.04.2022 година, (четврток), со почеток во 09.00 часот во Мултикултурниот центар- Кочани, со следниот предлог за
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог- одлука за основање на јавно претпријатие за стопанисување, поставување и одржување на јавно осветлување.
- Годишен извештај за работењето на Центарот за развој на Источен плански регион за 2021 година.
- Годишен извештај за спроведувањето на Програмата за развој на Источниот плански регион за 2021 година.
- Информација за работата на НУ Центар за култура „Бели мугри”- Кочани за 2021 година и Програма за работа во 2022 година.
- Информација за заштита на шумите од пожари и бесправна сеча на подрачјето на општина Кочани.
- Извештај за реализација на Програмата за информатичка и комуникациска технологија на општина Кочани за 2021 година.
- Извештај за реализација на Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2021 година.
- Извештај за реализација на Програмата за комуникација на Општина Кочани за 2021 година.
- Информација за квалитетот и здравствената исправност на водата за пиење од системот за водоснабдување.
- Проекција за користење на водата за пиење во сезоната пролет-лето 2022 година, од системот за водоснабдување.
- Извештај за реализација на Програмата за одржување и користење на паркови и зеленило, набавка,поставување и одржување на урбана опрема, одржување на детски игралишта и одржување на фонтаната „Зрно“ во 2021 година.
- Извештај за реализација на Програмата за управување со отпад на подрачјето на општина Кочани за 2021 година.
- Извештај за реализација на Програмата за јавна чистота во општина Кочани за 2021 година.
- Извештај за реализација на Програмата за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на Општина Кочани во 2021 година.
- Информација за состојбата со дивите депонии во градот и населените места со предлог мерки за нивно разрешување.
- Извештај за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови, урбанистичко-планска документација, и урбанистичко-проектна документација на подрачјето на Општина Кочани за 2021 година.
- Извештај за работењето на комуналните редари во општинската администрација на Општина Кочани за 2021 година.
- Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на заштитата на животната средина во 2021 година.
- Извештај за реализација на Програмата за одржување на сливни решетки за атмосферска канализација на подрачјето на Општина Кочани за 2021 година.
- Извештај за реализација на Програмата за одржување на локални патишта и улици на подрачјето на Општина Кочани во зимски услови за 2020/2021 година.
- Извештај за реализација на Програмата за култура на Општина Кочани за 2021 година
- Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кочани од областа на социјална, детска и здравствена заштита за 2021 година.
- Извештај за реализација на Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2021 година
- Предлог- одлука за основање Општински совет за социјална заштита
- Извештај за реализација на Програмата за спорт на Општина Кочани во 2021 година.
- Извештај за реализација на Програмата за поддршка на образованието во Општина Кочани во 2021 година
- Извештај за реализација на Програмата за работа на Територијалната противпожарна единица на Општина Кочани во 2021 година.
- Предлог- одлука за давање на согласност на Договор за примање на донација од ПЕСТАЛОЗЗИ Фондација детско село од Троген – Швајцарија ПОДРУЖНИЦА во Република Македонија Скопје
- Предлог- одлука за давање на времено користење дел од недвижна ствар, сопственост на Општина Кочани, без надоместок на Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми НАЦИОНАЛНИ ШУМИ П.О Скопје
- Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Кочани во областа на локалниот економски развој во 2021 година
- Предлог- одлука за изменување на одлуката за утврдување на услови во врска со вршење на автотакси превоз на патници на подрачјето на општина Кочани
- Предлог- одлука за прифаќање на предлогот на Советот на општина Гази Баба за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кочани и Општина Гази Баба
- Предлог- одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓуОпштина Кочани и Општина Гази Баба.
- Предлог- решение за именување членови во заедничката комисија за подготовка на актите за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кочани и Општина Гази Баба.
- Предлог- решение за именување членови на Управниот одбор на ЈПУДГ „Павлина Велјанова“- Кочани.