Врз основа на член 33 став (1) алинеја 1 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/2006, 2/2012 и 4/2015), ја свикувам 8-мата седница на Советот на Општина Кочани за 14.03.2022 година, (понеделник), со почеток во 09.00 часот во Мултикултурниот центар- Кочани,  со следниот предлог за

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Разгледување на завршни сметки на општинските основни училишта за 2021 година.
  2. Разгледување на завршни сметки на општинските средни училишта за 2021 година.
  3. Завршна сметка на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“- Кочани за 2021 година.
  4. Завршна сметка на ЈОУ Библиотека „Искра“-Кочани, за 2021 година.
  5. Годишен план за вработување во СОУ„Гошо Викентиев“- Кочани за 2023 година.
  6. Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2021 година.
  7. Извештај за реализација на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација на подрачјето на општина Кочани за 2021 година.
  8. Извештај за реализација на Програмата за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на Општина Кочани за 2021 година
  9. Извештај за реализација на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2021 година.
  10. Извештај за реализација на Програмата за јавно осветлување во општина Кочани за 2021 година.
  11. Предлог- програма за изменување и дополнување на Програмата за јавно осветлување во општина Кочани за 2022година
  12. Извештај за реализација на Програмата за изградба и реконтрукција на речно корито на Кочанска река за 2021 година.
  13. Предлог- одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот Изградба на препумпна станица за дел од системот  „Висока зона на притисок на град Кочани“
  14. Предлог- програма за изменување на Програмата за изградба на објекти за домување на лица од социјален ризик за 2022 година
  15. Предлог- одлука за користење финансиски средства од постојаната резерва во Буџетот на Општина Кочани за 2022 година.
  16. Годишна (завршна) сметка на Буџетот на Општина Кочани за 2021 година.
  17. 17  Годишен извештај на општина Кочани за 2021 година.
  18. Буџетски календар за 2022 година.