Врз основа на членот 33, став 1, алинеја 1 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/2006, 2/2012 и 4/2015), ја свикувам 7. седница на Советот на Општина Кочани за 25.02.2022 година, (петок), со почеток во 10.00 часот во Мултикултурниот центар- Кочани, со следниот предлог за
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Информација за санитарно-хигиенската и техничката состојба на предучилишните и училишни установи и ЈОУ Детска градинка „Павлина Велјанова“ во 2021 година
- Оперативен план за заштита и одбрана од поплави за загрозените подрачја на територијата во надлежност на АД Водостопанство на РСМ – Скопје, Подружница Брегалница – Кочани, за 2022
- Информација за малолетничката деликвенција на подрачјето на општина Кочани (наркоманија, алкохолизам)
- Извештај за реализација на Програмата за работа на Сојуз на училишни спортови во 2021 година
- Извештај за работењето на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2021 година и Програма за работа за 2022 година
- План за изменувње на Планот за вработување на ООУ„Св.Кирил и Методиј“ – Кочани за 2022 година
- Предлог-одлука за резервирани средства за експропријација согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Кочани за период од 01.01. 2022 година до 31.12.2022 година
- Предлог-одлука за утврдување на начинот, условите и постапката за субвенционирање на граѓаните жители на општина Кочани на дел од трошоците за печки на пелети и за инвертер-клими
- Предлог-одлука за одобрување на субвенционирање на граѓани жители на општина Кочани во трошоците за велосипед и за утврдување начинот, условите и постапката за субвенционирање
- Предлог-план за изменување и дополнување на Планот за јавни набавки на општина Кочани за 2022 година
- Предлог-одлука за донесување на План за парцелација од Урбанистички проект со план за парцелација со намена А1-домување во куќи, за ГП А64.3 и ГП А64.4 (дел од КП 12138 и дел од КП 16830, КО Кочани) од измена и дополнување на ДУП на град Кочани, Општина Кочани
- Предлог-одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти изградени надвор од плански опфат за КП бр.137/2 КО Костин Дол, КП бр.1490 КО Полаки и КП бр.469 КО Пашаџиково
- Предлог-листа за определување имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Општина Кочани
- Предлог-решение за утврдување предлог за разрешување и именување член на Управниот одбор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Кочани
- Решение за запирање на објавувањето на: Заклучок за усвојување на Планот за работа-активности на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2022 година, Бр.09-390/1, од 04.02.2022 година и Заклучок за давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на КЈП „Водовод“ – Кочани бр.02-466/5 од 20.12.2021 година, за промена – зголемување на цената на метар кубен геотермална вода, Бр.09-391/1, од 04.02.2022 година
- План за работа – активности на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2022 година
- 17. Давање согласност на Одлука за промена – зголемување на цената на метар кубен геотермална вода