Врз основа на член 33 став (1) алинеја 1 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/2006, 2/20012 и 4/2015), ја свикувам 54-тата седница на Советот на Општина Кочани за 15.03.2021 година, (понеделник), со почеток во 10.00 часот во Мултикултурниот центар- Кочани,  со следниот предлог за

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Разгледување на завршни сметки на општинските основни и средни училишта за 2020 година, ЈОУДГ „Павлина Велјанова“- Кочани и ЈОУ Библиотека „Искра“-Кочани, за 2020 година.
  2. Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Кочани во областа на локалниот економски развој во 2020 година.
  3. Извештај за реализација на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2020 година.
  4. Извештај за реализација на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација на општина Кочани за 2020 година.
  5. Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште на општина Кочани за 2020 година.
  6. Извештај за реализација на Програмата за изградба и реконструкција на системи за водоснабдување на подрачјето на Општина Кочани во2020 година.
  7. Извештај за реализација на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици за 2020 година.
  8. Извештај за реализација на Програмата за спорт на Општина Кочани во2020 година.
  9. Извештај за реализација на Програмата за поддршка на образованието во Општина Кочани во 2020 година.
  10. Извештај  за реализација на Програмата за култура на Општина Кочани за 2020 година.
  11. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кочани од областа на социјална, детска и здравствена заштита за 2020 година.
  12. Извештај за реализација на Програмата за комуникација на Општина Кочани за 2020 година.
  13. Извештај за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови, урбанистичко-планска документација, и урбанистичко-проектна документација на подрачјето на Општина Кочани за 2020 година.
  14. Извештај за реализација на Програмата за јавно осветлување во општина Кочани за 2020 година
  15. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на  заштитата на животната средина во 2020 година
  16. Извештај за работењето на комуналните редари во општинската администрација на Општина Кочани за 2020 година.
  17. Извештај за реализација на Програмата за работа на Територијалната противпожарна единица на Општина Кочани во 2020 година.
  18. Годишна сметка на Буџетот на Општина Кочани за 2020 годинa.
  19. Годишен извештај на општина Кочани за 2020 година.
  20. Буџетски календар за 2022 година.
  21. Предлог- одлука за прифаќање на предлогот на Советот на Општина Виница  за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Виница и Општина Кочани.
  22. Предлог- одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Виница  и Општина Кочани.
  23. Предлог- решение за именување членови во заедничката комисија за подготовка на актите за  воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу општина Кочани и општина Виница
  24. Информација во врска со изградбата на мала хидроцентрала на Мала Река.
  25. Предлог-планови за дополнување на Плановите за  запишување на ученици во прва година во општинските средни училишта „Љупчо Сантов“ и „Гошо Викентиев“ во учебната 2021-2022 година.
  26. Информација за состојбата со Корона вирусот Ковид- 19 на подрачјето на Општина Кочани.