Врз основа на член 33 став (1) алинеја 1 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/2006, 2/20012 и 4/2015), ја свикувам 53-тата седница на Советот на Општина Кочани за 25.02.2021 година,(четврток),со почеток во 10.00 часот во Мултикултурниот центар- Кочани, со следниот предлог за
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Информација за санитарно-хигиенската состојба на предучилишните установи во општина Кочани и безбедноста на храна и за санитарно-хигиенските состојби на основните и средните училишта во општина Кочани.
- Извештаи за успехот и работењето на општинските основни и средни училишта за првото полугодие од учебната 2020 – 2021 година.
- Годишна информација за состојби и услови во кои се одвиваше работата на ОВР- Кочани во 2020 година.
- Информација за малолетничката деликвенција на подрачјето на општина Кочани (наркоманија, алкохолизам)
- Извештаи за реализација на Програмата за работа на општинските спортски сојузи: Општински фудбалски сојуз и Сојуз на училишни спортови во 2020 година
- Извештај за работењето на ЈОУ Библиотека „Искра“- Кочани за 2020 година и Програма за работа за 2021 година.
- Предлог- стратегија за за развој на спортот на општина Кочани (2021-2025).
- Предлог- стратегија за мегуетничка интеграција во образованието и младински активизам на општина Кочани (2021-2025)
- Предлог- програма за изменување на Програмата за изградба на објекти за домување на лица од социјален ризик во општина Кочани за 2021 година.
- Предлог- одлука за утврдување на приоритеттен проект и за сопствено учество – кофинансирање на проектот „ Реконструкција на ул. Роза Петрова“
- Предлог- одлука за сопствено учество- кофинансирање на проектот „Реконструкција на подовите на ОУ „Св.Кирил и Методиј“- Кочани.
- Конкурс за изработка на идејно решение за изменување на грбот и знамето на општина Кочани.
- Предлог- одлука за формирање на Комисија за утврдување предлог за изменување на грбот, односно знамето на општина Кочани.
- Предлог- план за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки на општина Кочани за 2021 година.
- Предлог- план за изменување и дополнување на Планот на програми за развој на општина Кочани за период 2021-2023.
- Предлог- одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Кочани за 2021 година.
- Предлог- одлука за измена на распоред на средствата на Буџетот на Општина Кочани за 2021 година.
- Предлог- програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на заштитата на животната средина во 2021 година.
- Предлог- одлука за изведување/поставување на подземни садови -контејнери за комунален отпад.
- Предлог- програма за изменување на Програмата за јавно осветлување во Општина Кочани за 2021 година.
- Предлог- одлука за намалување на висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани.
- Предлог- програма за изменување и дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Кочани.
- Предлог- програма за изменување на Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Кочани за 2021 година.
- Предлог програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2021 година
- Предлог- програма за изменување и дополнување на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2021 година
- Предлог- одлука за давање под закуп делови од недвижни ствари, сопственост на општина Кочани.
- Предлог- одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти изградени надвор од плански опфат за КП бр.4767/1 КО Кочани, КП бр.1899 КО Тркање.
- Предлог- одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти изградени надвор од плански опфат за КП бр.271/1 КО Пашаџиково, КП бр.413 КО Горно Градче, КП бр.391 КО Горно Градче, КП бр.1460/1 КО Нивичани .
- Предлог- одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намена за КП бр.11122 КО Кочани.
- Предлог- одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намена за КП бр.11122 КО Кочани.
- Предлог- одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намена за КП бр.1710/1 КО Долни Подлог
- Предлог- одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намена за КП бр.5971 КО Кочани
- Предлог- одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на комуналната такса за користење просторот за паркирање на подрачјето на Општина Кочани
- Информација за состојбата со Корона вирусот Ковид- 19 на подрачјето на Општина Кочани.