Врз основа на членот 33, став 1, алинеја 1 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/2006, 2/20012 и 4/2015) ја свикувам 5. седница на Советот на Општина Кочани за 29.12.2021 година, (среда) во 10:00 часот, во Мултикултурниот центар – Кочани, со следниот предлог за
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- План за работа – активности на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2022 година
- Давање согласност на Одлука за промена – зголемување на цената на метар кубен геотермална вода
- Предлог-финансиски план на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2022 година
- Предлог-програма за комуникација на Општина Кочани за 2022 година
- Предлог-програма за изработка на урбанистички планови, урбанистичко-планска документација и урбанистичко-проектна документација на подрачјето на Општина Кочани за 2022 година
- Предлог-програма за управување со отпад на подрачјето на општина Кочани за 2022 година
- Предлог-програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на Општина Кочани во 2022година
- Предлог-програма за активностите на Општина Кочани во областа на заштитата на животната средина во 2022 година
- Предлог-програма за информатичка и комуникациска технологија на општина Кочани за 2022 година
- Предлог-програма за активностите на општина Кочани во областа на локалниот економски развој во 2022 година
- Предлог-програма за работа на Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Кочани за 2022 година
- Предлог-одлука за избор на член на Советот на Општина Кочани кој ќе одлучува во случаи кога Градоначалникот на Општина Кочани треба да учествува во процес на одлучување за прашања во кои тој или неговиот брачен другар, деца или роднина до втор степен странична линија има финансиски или друг личен интерес
- Предлог-буџет на Општина Кочани за 2022 година
- и аклучокот сгиева и Снежана Хаџи Пауновав улиање Предлог-одлука за извршување на Буџетот на Општина Кочани за 2022 година
- Предлог-одлука за висината на девизен и денарски благајнички максимум за 2022 година
- Предлог-одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2022 година
- План за јавни набавки на Општина Кочани за 2022 година
- Годишен извештај за користење на средствата од резервите во Буџетот на општина Кочани за 2021 година
- Предлог-решение за именување член во заедничката комисија за подготовка на актите за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кочани и Општина Македонска Каменица
- Предлог-одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кочани и Општина Македонска Каменица
- Предлог-одлука за прифаќање на Предлогот на Советот на Општина Виница за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Виница и Општина Кочани
- Предлог-решение за именување членови во заедничката комисија за подготовка на актите за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Виница и Општина Кочани
- Предлог-одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Виница и Општина Кочани
- Предлог-решение за разрешување и именување членови на Управниот одбор на КЈП „Водовод“ – Кочани
- Предлог-решение за разрешување и именување членови на Надзорниот одбор на КЈП „Водовод“ – Кочани
- Предлог-решение за разрешување и именување членови на Управниот одбор на ЈОУДГ„Павлина Велјанова“ – Кочани
- Предлог-решение за разрешување и именување членови на Управниот одбор на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани
- Информација во врска со најавите за прекини и раскинување на договори за снабдувањето со електрична енергија.