Врз основа на член 33 став (1) алинеја 1 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/2006, 2/20012 и 4/2015) ја свикувам 27-мата седница на Советот на Општина Кочани за 06 .04.2023 година, (четврток) во 11.00 часот, во салата на Советот на Општина Кочани (венчална), со следниот предлог за
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Извештај за реализација на Програмата за работа на Територијалната противпожарна единица на Општина Кочани во 2022 година.
- Предлог- одлука за донесување на Урбанистички план вон населено место со намена Е1.13 површински соларни и фотоволтаични електрани во м.в. Страна КО Тркање и пристапен пат низ м.в. Средни рид КО Тркање и низ м.в. Сламарник и м.в. Чифлико КО Бели, Општина Кочани, плански период 2022-2027 година.
- Предлог- одлука за проширување на Буџетот на општина Кочани за 2023 година.
- Предлог- одлука за давање дизел гориво на АД Водостопанство на Република Северна Македонија- Подружница „Брегалница“-Кочани
- Предлог- одлука за давање финансиска помош на Доброволното противпожарно друштво- Кочани.
- Програма за екскурзии, излети и другите вонучилишни активности на учениците на ООУ „Раде Кратовче“- Кочани за учебна 2022/2023 година.
- Измена на Годишен план за вработување на ОУ„Св.Кирил и Методиј“- Кочани за 2023 година.
- Извештај за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови, урбанистичко-планска документација, и урбанистичко-проектна документација на подрачјето на Општина Кочани за 2022 година
- Извештај за реализација на Програмата за одржување и користење на паркови и зеленило, набавка,поставување и одржување на урбана опрема, одржување на детски игралишта и одржување на фонтаната „Зрно“ во 2022 година.
- Извештај за реализација на Програмата за управување со отпад на подрачјето на општина Кочани за 2022 година.
- Извештај за реализација на Програмата за јавна чистота во општина Кочани за 2022 година
- Извештај за реализација на Програмата за одржување на сливни решетки за атмосферска канализација на подрачјето на Општина Кочани за 2022 година.
- Извештај за работењето на комуналните редари во општинската администрација на Општина Кочани за 2022 година.
- Извештај за реализација на Програмата за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на Општина Кочани во 2022 година
- Извештај за реализација на Програмата за култура на Општина Кочани за 2022 година
- Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кочани од областа на социјална, детска и здравствена заштита за 2022 година.
- Предлог- Правилник за уредување на поблиските услови, критериуми и начинот на доделување на еднократна парична помош на социјално загрозени лица и лица кои се нашле во положба на социјален ризик
- Извештај за реализација на Програмата за спорт на Општина Кочани во 2022 година.
- Предлог- одлука за начинот на користење и управување на салите во општинските основни и средни училишта: ОУ„Св.Кирил и Методиј“-Кочани, ОУ„Никола Карев“-Кочани, ОУ„Крсте П. Мисирков“- Оризари, ОУ„Малина Попиванова“- Кочани и СОУ „Гошо Викентиев
- Извештај за реализација на Програмата за поддршка на образованието во Општина Кочани во 2022 година.
- Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Кочани во областа на локалниот економски развој во 2022 година.
- Извештај за реализација на Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2022 година
- Извештај за реализација на Програмата за одржување на локални патишта и улици на подрачјето на Општина Кочани во зимски услови за 20201/20232 година
- Извештај за реализација на Програмата за информатичка и комуникациска технологија на општина Кочани за 2022 година
- Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на заштитата на животната средина во 2022 година
- Информација за квалитетот и здравствената исправност на водата за пиење од системот за водоснабдување
- Извештај за работењето на КЈП „Водовод“ – Кочани во 2022 година
- Завршна сметка на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2022 година
- Ценовник на услуги на КЈП Водовод Кочани.
- Предлог- одлука за утврдување месечен надоместок на преседателот и на членовите на Управниот одбор на КЈП „Водовод“- Кочани.
- Давање согласност на Одлука за измена и дополнување на Одлука за основање на подружница на КЈП„Водовод“- Кочани.
- Извештаи за работењето на овластените инспектори на Општина Кочани во 2022 година ( овластен инспектор за патен сообраќај, овластен инспектор за животна средина и овластен комунален инспектор)
- Извештај за работењето на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Кочани за 2022 година.
- Извештај за реализација на Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2022 година.
- Извештај за реализација на Програмата за комуникација на општина Кочани за 2022 година.
- Предлог- одлука за формирање Совет за женско претприемништво за општините Кочани, Виница и Зрновци.
- Предлог- одлука за покренување постапка за ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на Општина Кочани од од сите ризици и опасности.
- Предлог- решение за дополнување на Решение за формирање Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Кочани.