Врз основа на член 33 став 1, алинеја 1 од Деловникот на Советот на општина Кочани(“Сл.гласник на општина Кочани”бр.5/06 и 2/012) ја СВИКУВАМ 25-тата седница на Советот на Општина Кочани за 14.11.2014 година (петок),со почеток во 9.30 часот во салата на Советот на Општина Кочани со следниот предлог за

Дневен Ред
1. Извештај за работењето на КЈП „Водовод“ – Кочани за периодот од 01.01. до 30.09.2014 година, со финансиски показатели.

2. Информација за извршување на жетвата и откуп на ориз во општина Кочани и осврт за извршувањето на есенската сеидба на подрачјето на општина Кочани

3. Предлог-програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2015 година

4. Предлог-програма за изградба на фекална канализација во општина Кочани во 2015 година.

5. Предлог-програма за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на општина Кочани во 2015 година.

6. Предлог-програма за јавно осветлување во општина Кочани за 2015 година

7. Предлог-програма за изработка на урбанистички планови на општина Кочани за 2015 година

8. Предлог-програма за изградба и одржување на општинските патишта и улици во општина Кочани за 2015 година

9.Предлог-програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2015 година.

10. Предлог-план на програми за развој на општина Кочани за период од 2015-2017 година

11. Предлог-Статут за дополнување на Статутот на Општина Кочани.

12.Предлог-Одлука за изменување на Одлуката за користење на јавниот простор за паркирање на подрачјето на градот Кочани

13.Предлог- Одлука за определување имиња на улици во градот Кочани.

14.Предлог-Решение за именување членови на Училишниот одбор на СОУ„Гошо Викентиев“-Кочани.

15.Предлог- Решение за именување член на Управниот одбор на ЈЗУ Здравствен дом –Кочани.