Врз основа на член 33 став (1) алинеја 1 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/2006, 2/20012 и 4/2015) ја свикувам 25-тата седница на Советот на Општина Кочани за 17.02.2023 година, (петок) во 10.00 часот, во Мултикултурниот центар- Кочани, со следниот предлог за
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Разгледување на завршни сметки на општинските основни училишта за 2022 година.
- Разгледување на завршни сметки на општинските средни училишта за 2022 година.
- Завршна сметка на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“- Кочани за 2022 година.
- Завршна сметка на ЈОУ Библиотека „Искра“-Кочани, за 2022 година.
- Информација за чистењето на одводните канали и речните корита на подрачјето на општина Кочани во 2022 година
- Предлог-план за чистење на каналите и речните корита на подрачјето на општина Кочани за 2023 година
- Информација за пошумувањето и заштита од ерозија на подрачјето на општина Кочани.
- Информација за санитарно-хигиенската и техничка состојба на предучилишните и училишни установи и ЈОУ Детска градинка „Павлина Велјанова“ во 2022 година.
- План за работа- активности на КЈП„Водовод“- Кочани во 2023 година
- Давање согласност на Одлука за промена- зголемување на цената на м3 геотермална вода.
- Предлог- одлука за давање на трајно управување и користење, без надомест, на изградена водоводна, фекална и атмосферска канализациска мрежа во 2022 година на КЈП „Водовод“ – Кочани
- Информација за малолетничката деликвенција на подрачјето на општина Кочани (наркоманија, алкохолизам)
- Извештај за работењето на ЈОУ Библиотека „Искра“- Кочани за 2022 година и Програма за работа за 2023 година.
- Предлог Одлука за утврдување на просечни цени на градежно и земјоделско земјиште за подрачјето на општина Кочани за 2023 година.
- Предлог- одлука за донесување на Изменување и дополнување на урбанистички план за село Тркање,со разработка на Блок 17, КО Тркање, Општина Кочани, плански период 2021-2031 година.
- Предлог- одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намена за КП бр.5946 КО Кочани , КП бр.5947 КО Кочани , КП бр.11139 КО Кочани и КП бр.11122 КО Кочани.
- Предлог- одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти изградени надвор од плански опфат за КП бр.2819 КО Полаки, КП бр.8813 КО Кочани, КП бр.7985/2 КО Кочани, КП бр.1311/1 КО Бели и КП бр.1311/2 КО Бели, КП бр.509 КО Прибачево.
- Предлог- одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намена за КП бр.8206/1 КО Кочани.
- Предлог- одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти изградени надвор од плански опфат за КП бр.462/5 КО Пашаџиково, КП бр.8250 КО Кочани, КП бр.1316 КО Тркање, КП бр.3474/1 КО Тркање, КП бр.551 КО Лешки, КП бр.3307 КО Бели, КП бр.1571/2 КО Нивичани, КП бр.3443/1 КО Бели, КП бр.3443/2 КО Бели, КП бр.3444 КО Бели и КП бр.445 КО Полаки.
- Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште на општина Кочани за 2022 година,
- Извештај за реализација на Програмата за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на општина Кочани за 2022 година
- Извештај за реализација на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација на подрачјето на Општина Кочани за 2022 година
- Извештај за реализација на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2022 година.
- Извештај за реализација на Програмата за јавно осветлување во општина Кочани за 2022 година.
- Годишна (завршна) сметка на Буџетот на Општина Кочани за 2022 година
- Годишен извештај на општина Кочани за 2022 година.
- Буџетски календар за 2023 година.
- Предлог- одлука за користење финансиски средства од постојаната резерва во Буџетот на Општина Кочани за 2023 година.
- Извештај за реализација на Програмата за работа на Локалниот младински совен на Општина Кочани за 2022 година.
- Програма за работа на Локалниот младински совен на Општина Кочани за 2023 година.
- Предлог- одлука за давање на користење дел од недвижна ствар на користење на Локален младински совен на Општина Кочани.
- Барање за определување надоместок на членовите на управниот одбор на ЈОУ Библиотека „Искра“- Кочани.