Врз основа на член 33 став (1) алинеја 1 од Деловникот на Советот на Општина КОЧАНИ („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/2006, 2/20012 и 4/2015) ја свикувам 22-рата седница на Советот на Општина Кочани за 14.12.2022 година, (среда) во 16:00 часот, во Мултикултурниот центар- Кочани, со следниот предлог за
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1.Предлог- одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Кочани за 2022 година,
2. Предлог- одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка,
3.Предлог- одлука за формирање на заедничка комисија за МОС помеѓу Општина Кочани и Општина Берово, Општина Виница, Општина Делчево, Општина Зрновци, Општина Карбинци, Општина Штип, Општина Македонска Каменица, Општина Пехчево, Општина Пробиштип и Општина Чешиново-Облешево,
4.Предлог- Решение за именување на членови на заедничка комисија за МОС помеѓу Општина Кочани и Општина Берово, Општина Виница, Општина Делчево, Општина Зрновци, Општина Карбинци, Општина Штип, Општина Македонска Каменица, Општина Пехчево, Општина Пробиштип и Општина Чешиново-Облешево.
5.Предлог- одллука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кочани и Општина Штип.
6.Предлог- решение за именување членови во заедничката комисија за подготовка на актите за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кочани и Општина Штип.