Врз основа на член 33 став (1) алинеја 1 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/2006, 2/2012 и 4/2015), ја свикувам 16-тата седница на Советот на Општина Кочани за 31.08.2022 година, (среда), со почеток во 09.00 часот, во салата на Мултикултурниот центар, со следниот предлог за
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Информација во врска со невремето и настанатите штети од невремето (поплавите) што го зафати Кочани на 24.07.2022 година,
- Извештаи за работењето на општинските основни училишта за учебната 2021 -2022 година,
- Годишни програми за работа на општинските основни училишта за учебната 2022 – 2023 година,
- Програма за изведување на ученичка екскурзија на учениците од СОУ „Љупчо Сантов“ Кочани за учебната 2022/23 заверена со бр.03-296/2 од 22.06.2022 година,
- Измена и дополнување на статутот на ООМУ„Ристо Јуруков“- Кочани
- Измена на годишниот план за вработување на ОУ „Св.Кирил и Методиј“ Кочани за 2022 година,
- Измена на Годишен план за вработување на СОУ„Гошо Викентиев“-Кочани за 2022 година,
- Годишен план за вработување на ООМУ„Ристо Јуруков“ Кочани за 2023 година,
- Годишен план за вработување на ООУ„Никола Карев“ Кочани за 2023 година,
- Годишен план за вработување на ООУ„Крсте Петков Мисирков“ с. Оризари Кочани за 2023 година,
- Годишен план за вработување на ЈОУ Библиотека „Искра“- Кочани за 2023 година,
- Годишен план за вработување на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“- Кочани за 2023 година,
- Давање согласност за згрижување на поголем број на деца , односно помал број на деца во воспитните групи во ЈОУДГ„Павлина Велјанова“- Кочани,
- Предлог- одлука за утврдување на работното време на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“- Кочани,
- Давање согласност за формирање паралелки со помал број на ученици и комбинирање на паралелки во општинските основни и средни училишта .
- Извештај за финансиското работење на КЈП„Водовод“ Кочани во период од 01.01.2022 година до 30.06.2022 година (втор квартал),
- Полугодишен извештај за работењето на КЈП „Водовод“ Кочани за период од 01.01.2022-30.06.2022 година,
- Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на КЈП „Водовод“ Кочани бр.02-247/1 од 15.7.2022 година,
- Предлог- одлука за давање движни ствари на трајно користење без надоместок на КЈП„Водовод“- Кочани,
- Предлог- одлука за давање движни ствари на трајно користење без надоместок на ЈОУ Библиотека „Искра“- Кочани,
- Социјален план на општина Кочани 2022-2025.
- Информација во врска со проектот за изградба на дом за стари лица во општина Кочани,
- Предлог- одлука организирање и дефинирање на услови за доставување на стока,
- Предлог- одлука за изменување на Одлуката за основање на јавно претпријатие за стопанисување, поставување и одржување на јавно осветлување,
- Предлог- одлука за изменување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Кочани за 2022 година,
- Предлог- решение за разрешување и именување на членови на управен одбор на ЈОУ Библиотека „Искра“ Кочани,
- Предлог- Решение за рарешување и именување член на Училишен одбор на СОУ„Гошо Викентиев Кочани од основачот,
- Предлог- одлука за утврдување на приоритет и сопствено учество – кофинансирање на проектот „Намалување на загубите на вода во водоснабдителниот систем и искористување на соларната енергија во јавното комунално претпријатие во општина Кочани“
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и условите за користење на службените возила, сопственост на Општина Кочани и полнење на гориво за потребите на Општина Кочани
Информација за измените и дополнувањата на Годишниот план за јавни набавки на општина Кочани за 2022 година.