Врз основа на член 34 од Деловникот на Советот на општина Кочани(“Сл.гласник на општина Кочани”бр.5/06) ја СВИКУВАМ 15-тата седница на Советот на општина Кочани за 17.01.2014 година (петок),со почеток во 09.30 часот во салата на Советот на Општина Кочани со следниот предлог за

Дневен Ред
1. Предлог-план за запишување на ученици во прва година во општинските средни училишта „Љупчо Сантов“ и „Гошо Викентиев“ во учебната 2014-2015 година

2. Информација за активностите на организациите на лица со хендикеп во општина Кочани за 2013 година со Програми за работа за 2014 година на сите организации на лицата со хендикеп во општина Кочани.

3. Информација за водоснабдувањето и здравствената исправност и квалитетот на водата за пиење од градскиот водовод и другите водоснабдителни објекти во општината

4. Информација за пошумувањето и заштита од ерозија на подрачјето на општина Кочани, со посебен осврт на акцијата за пошумување „Ден на дрвото“, спроведена во месец ноември 2013 година.

5. Предлог- Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички плановина подрачјето на Општина Кочани за 2014 година.

6. Иницијатива за измена на ДУП за КП бр.16443 И кп БР.16442 КО Кочани.

7. Иницијатива за измена на ДУП за КП бр.15118 -КО Кочани.

8.Предлог- Одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за КП бр.10122 КО Кочани, КП бр.10119/2 КО Кочани и КП бр.16802 КО Кочани; за промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за КП бр.6156 КО Оризари, КП бр.7363 КО Оризари и КП бр.6179 КО Оризари; за промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за КП бр.5878 КО Тркање; за промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за КП бр.11007 КО Кочани; за промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за КП бр.10990 КО Кочани; за промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за КП бр.12574 КО Кочани; за промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за КП бр.11358 КО Кочани; за промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за на КП бр.11557/1 КО Кочани и КП бр.11559 КО Кочани и за промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за КП бр.13547 КО Кочани.

9. Предлог- Одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намена за КП бр.11122 КО Кочани и КП бр.15430 КО Кочани и КП бр.15431 КО Кочани.

10.Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти изградени надвор од плански опфат за КП бр.969/10 КО Лешки и КП бр.979 КО Лешки; за КП бр.1013/10 КО Тркање; за КП бр.52 КО Припор и КП бр.56 КО Припор; КП бр.27/2 КО Лешки; КП бр.1088 КО Тркање; КП бр.37/5 КО Лешки , КП бр.8285 КО Кочани и КП бр.879/2 КО Тркање и на КП бр.879/3 КО Тркање.

11. Предлог- Одлука зa резервирани средства за експропријација согласно Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2014 година.

12. Информација во врска со јавниот градски превоз во градот Кочани организиран за пробен период од 02.12.2013 година до31.01.2014 година.

13. Предлог- Решение за именување член на Управниот одбор на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“-Кочани.

14. Предлог-Решение за формирање Општински совет за безбедност на патиштата на подрачјето на Општина Кочани.