Врз основа на член 33 став (1) алинеја 1 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/2006, 2/2012 и 4/2015), ја свикувам 12-тата седница на Советот на Општина Кочани за 31.05.2022 година, (вторник), со почеток во 09.00 часот, во салата на Мултикултурниот центар, со следниот предлог за
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Годишен план за вработување на ООМУ„Ристо Јуруков“-Кочани за 2023 година.
- Годишен план за вработување на ООУ„Крсте Петков Мисирков “с. Оризари за 2023 година.
- Информација за извршување на пролетната сеидба на подрачјето на општина Кочани во 2022 година
- Годишна информација за состојби и услови во кои се одвиваше работата на ОВР -Кочани во 2021 година.
- Предлог- одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорот на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани
- Предлог- одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на јавните службеници кои вршат административни работи во ЈОУ ДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани
- Правилник за внатрешна организација на ЈOУДГ „Павлина Велјанова“- Кочани
- Предлог- решение за разрешување член и именување членови на Управниот одбор на ЈOУДГ „Павлина Велјанова“- Кочани.
- Предлог- одлука за давање недвижен имот, сопственост на општина Кочани под закуп.
- Предлог- програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на заштитата на животната средина во 2022 година.
- Предлог- програма за работа на Локалниот младински совет на општина Кочани за 2022 година.
- Предлог решение за именување ченови на Совет за заштита на потрошувачите на општина Кочани.
- Предлог- решение за именување членови на Управен одбор на Јавното претпријатие за стопанисување, поставување и одржување на јавно осветлување „Светлина Ко 2022“- Кочани.
- Предлог- решение за именување членови на Одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавното претпријатие за стопанисување, поставување и одржување на јавно осветлување „Светлина Ко 2022“- Кочани.