Врз основа на член 33 став (1) алинеја 1 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/2006, 2/2012 и 4/2015), ја свикувам 11-тата седница на Советот на Општина Кочани за 03.05.2022 година, (вторник), со почеток во 17.00 часот, во салата на Советот на Општина Кочани (венчална), со следниот предлог за
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Програма за изменување и дополнување на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2022 година
- Програма за изменување на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација за 2022година
- Програма за изменување на Програмата за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на Општина Кочани за 2022 година
- План за изменување на План за програми за развој 2022-2024.
- Изменување и дополнување на Буџетот на Општина Кочани за 2022 година (ребаланс)