Врз основа на член 37 став (1) од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/2006, 2/20012 и 4/2015), ја свикувам 1-вата (конститутивна) седница на Советот на Општина Кочани за 12.11.2021 година, (петок), со почеток во 11.00 часот во Мултикултурниот центар- Кочанисо следниот предлог за

 

                                                   Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

  1. Верификација на мандатот на членовите на Советот на Општина Кочани.
  2. Избор на членови на Комисијата за мандатни прашања избори и именувања.
  3. Избор на Претседател на Советот на Општина Кочани
  4. Предлог Решение за формирање на Комисија за комунални работи, планирање и уредување на просторот и заштита на животната средина и природата.
  5. Предлог Решение за формирање на Комисија за култура, образование и спорт и права на децата.
  6. Предлог Решение за формирање на Комисија за земјоделие
  7. Предлог Решение за формирање на Комисија за месна самоуправа и грагански иницијативи.
  8. Предлог Решение за формирање на Комисија за здравство и социјална заштита.
  9. Предлог Решение за формирање на Комисија за статут и прописи.
  10. Предлог Решение за формирање на Комисија за прекугранична соработка.
  11. Предлог Решение за формирање на Комисија за финансии и буџет и локален економски развој.
  12. Предлог Решение за формирање на Комисија за сообракај, јавна безбедност и противпожарна заштита.
  13. Предлог Решение за формирање на Комисија за еднакви можности на жените и мажите.
  14. Предлог-Решение за определување членови на Советот на Општина Кочани кои ке учествуваат при склучување на бракови.

 

Претседател

 на Советот на Општина Кочани од претходниот состав

Томе Солевски с.р.