Врз основа на член 40 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02), член 20 од Статутот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 3/06, 10/06, 4/08, 6/08, 9/08, 7/10, 10/14, 5/15, бр.5/19 и бр.12/20) и  член 33 став (1) алинеја 1 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр.5/2006, 2/20012 и 4/2015), свикувам вонредна седница на Советот на Општина Кочани за 03.08.2021 година (петок), со почеток во 12:00 часот во салата на Совет на Општина Кочани (венчална сала), со следниот предлог за

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

  1. Решение за формирање на стручна комисија за процена на штети предизвикани од елементарна непогода (пожари) на подрачјето на општина Кочани
  2. Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Кочани за 2021 година