Комуналните служби од Општина Кочани деновиве регистрираа ново уништување на реквизитите, клупите, кантите за отпад, а откорнати или скршени се младите дрвца.
Општина Кочани упатува апел кон граѓаните за совесно однесување кон јавното добро и животната средина, а ги повикува полициските служби во ноќните часови да вршат редовна контрола на овој дел од градот. Исто така, до надлежните служби поднесе пријава за оштетување на урбана опрема.
Од петте детски игралишта кои Општина Кочани ги изгради минатата година, ова беше со најголема површина, на 1150 м2, а целта беше да се создаде урбан комплекс кој ќе одговори на потребите на најмалите сограѓани, односно на жителите од тамошните колективни и индивидуални станбени објекти. Просторот се озелени и доби детски реквизити, фонтана и друга урбана опрема.