Претпладнево службите од Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ лоцираа дефект на главната водоводна мрежа од системот за водоснабдување во Кочани.
– Се работи за дефект на главниот потисен цевковод, на потегот меѓу Грдовски Орман и селото Прибачево, на полска површина. Оперативните служби и механизацијата се веќе на терен, водата од системот е сопрена, така што во наредните часови ќе има прекин кај сите корисници на системот за водоснабдување во Кочани – соопшти Андреј Киров, директор на КЈП „Водовод“.
Времетраењето на прекинот на водоснабдувањето ќе зависи од сложеноста на дефектот. Одговорните служби најавија максимална посветеност за што поскоро отстранување на проблемот.
КЈП „Водовод“ упати извинување до граѓаните на Кочани и повика на трпение и смиреност.