Општинскиот кризен штаб ја известува јавноста дека детските игралишта не се пуштени во употреба и дека е потребно да се почитува забраната за нивно користење заради заштита од спречување на ширењето на коронавирусот.
Користењето е на ризик на родителите и на децата, а непочитувањето на мерките за заштита од КОВИД-19 е казниво.
Општинскиот кризен штаб апелира на совесно и одговорно однесување кон сопственото и јавното здравје.