По повод 1 Април, Меѓународниот ден на шегата, на платото на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани се одржа традиционалната „Априлијада“.
На настанот организиран од Општина Кочани, маскирани дефилираа и настапија деца од Детската градинка „Павлина Велјанова“, Приватната градинка „Амичи“ и ученици од основните училишта во Кочани.
Учесниците, родителите и сите присутни ги поздрави градоначалникот Љупчо Папазов, кој го изрази задоволството што ги гледа најмладите сограѓани во едно поинакво издание, кое го крие нивниот вообичаен изглед, но не и детската радост.
Првоаприлската манифестација ја организира Одделението за јавни дејности од Општина Кочани со средства од Програмата за поддршка на образованието.