Од 4 до 6 декември, делегација од Општина Кочани и КЈП „Водовод“ учествуваше во проектот за локална размена помеѓу Германија и Македонија, кој се спроведува од Сервисната агенција – општини во еден свет, како организациска членка на Engagement Global.
Посетата претставуваше стручна размена на искуства и практики за развој и зајакнување на капацитетите на локалнaта соработка во постигнувањето на глобалните цели за одржлив развој од Агендата 2030 на Обединетите нации и на политиките од Зелената агенда на ЕУ за Западен Балкан.
Делегацијата од Општина Кочани го посети градот Кастроп-Рауксел во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, каде се запозна со функционирањето на комуналното претпријатие и со начинот на спроведувањето на процесите за управување со комуналните услуги, како и со неколку економски субјекти од областа на менаџментот на води.
Целта на овој проект е со професионалните размени и соработката меѓу општините да придонесе кон засилување на локалната демократија во двете земји. Проектот е финансиран од Стопанската влада на Северна Рајна-Вестфалија и Сојузното министерство за економска соработка и развој.