Од 1 до 3 јуни, делегација од Општина Кочани престојуваше во официјална посета на Општина Казанлак, Република Бугарија.
Кочанската беше една од мнoгуте делегации од сите страни на светот, коишто традиционално се придружија на чествувањето на розата, како симбол на Казанлак.
Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев испрати поздравно писмо до градоначалничката на збратимениот Казанлак, Галина Стојанова, во кое изрази искрени честитки по повод Празникот на розата и искажа надеж дека пријателството и соработката ќе продолжат и понатаму.
Во рамките на културната размена, на Фестивалот на розата во Казанлак настапија и челновите од Фолклорниот ансамбл „Кочани“.
Во рамките на културната размена, на Фестивалот на розата во Казанлак настапија и челновите од Фолклорниот ансамбл „Кочани“.