Делегација од Амбасадата на Народна Република Кина во Република Македонија преводена од амбасадорот Зеншун Вен ја посети Општина Кочани.
– Неодамна Кочани воспостави официјални релации на пријателство со кинескиот град Вуши, од што очекуваме соработка пред сè во делот на економијата, културата и на други полиња од општественото живеење. Со посетата на геотермалниот ситем и на Институтот за ориз ние ќе ги запознаеме гостите со потенцијалите со кои располагаме и ќе дадеме предлози за можностите за соработка – рече во изјавата за медиумите градоначалникот Димитровски.
– Задоволство ми е што сум во Кочани по втор пат, минатиот октомври по покана од градоначалникот бевме овде по повод одбележувањето на Деновите на кочанскиот ориз и имавме можност да учествуваме на почетокот на жетвата заедно со земјоделците. Таа посета ми остави силни впечатоци, па денеска заедно со дел од вработените во Амбасадата дојдовме во нова посета на Кочани. Тогаш со градоначалникот се договоривме да побараме партнерска општина за соработка со вашата општина и тоа се оствари во април годинава, при посетата на вашата делегација во Кина, на општината Вуши која е позната по производството на ориз и риба. По поканата од вашиот градоначалник и од претседателот на Советот очекуваме во август годинава делегација од Вуши да дојде и да се разговара за соработката во областа на земјоделството и туризмот. Амбасадата на Кина во Македонија ќе даде поддршка за време на посетата и на можностите за остварување соработка на сите полиња – изјави амбасадорот Зеншун Вен.
Наскоро, Кочани очекува возвратна посета од делегација на пријателскиот кинески град Вуши.