Цистерни на КЈП „Водовод“ ги мијат улиците и стојалиштата на контејнерите.
Директорот на „Водовод“ Андреј Киров информира дека се дезинфицираат најфреквентните улици во Кочани како мерка за превенција против КОВИД-19.
Во петокот (13 март 2020) попладне, службите на „Водовод“ дезинфицираа и на регионалниот пат Кочани – Пониква, на потегот кај Градската депонија.
Изминатава седмица е извршен целосен третман на Градската депонија, кој се работи на природен начин, со алги, со што таа е комплетно санирана.