В понеделник, на 3 декември, со почеток во 19 часот,  во рестoранот „Амор“ во Кочани, квартетот „Вива стрингс“ ќе одржи концерт со специјално подготвена програма со обработки на популарни рок, соул, фанк, рап и џез теми. Публиката ќе има можност да  проследи обработки на хитови од: АББА, Мајкл Џексон, Стинг, Квин, Ренси Крафорд, Ерик Клептон и други музички ѕвезди…

Гудачкиот квартет „Вива Стрингс“ претставува класичен камерен состав од две виолини, виола и виолончело.  Оформен е во 2011 година, а неговите членови се во постојана потрага по алтернативен простор за сопствен израз и афирмација на камерното музицирање, класичната музика и квалитетната уметност на пошироката публика.   Членовите на „Вива стрингс“, виолинистите Елена Талевска и Симон Поповски, виолистката Дубравка Зајкова и челистот Дејан Теодосиевски се академски музичари вработени во Македонската филхармонија, а тројца од нив се членови на Камерниот оркестар на Македонската филхармонија.

Настанот е во рамки на годишната програма на Министерството за култура на Република Македонија, а реализацијата е со поддршка од Општина Кочани.

Влезот е слободен.