Почитувани граѓани ,

Имаме чест и задоволство да Ве поканиме на Првата сесија од Буџетскиот форум на заедницата, во нашата општина, која ќе се одржи на 06.10.2016г. (четврток) во ресторанот “ АЛЕ ДАР“ со почеток од 18:00 часот .

Општина Кочани го реализира проектот „ Форуми во заедницата“, кој има за цел да го зајакне граѓанското учество во процесот на одлучување на локално ниво, да се подобрат партнерствата помеѓу локалните субјекти и да се изнајдат поефикасни решенија за проблемите од интерес на целата заедница.

„Буџетскиот форум“ е форма преку која граѓаните , заедно со општината го креираат Буџетот на Општина Кочани за 2017 година.

Вашето присуство е од исклучително значење за целиот процес , но и за развојот на Општината.

Ве очекуваме!

Со почит,
Општина Кочани
Градоначалник
Ратко Димитовски