В четврток, на 7 мај 2020 г. Градскиот пазар во Кочани ќе биде отворен за продажба само на градинарски, прехранбени и земјоделски производи.

Продавачите и купувачите се должни да ги почитуваат мерките за заштита од ширење на коронавирусот и да се одржува физичкото растојание од 2 метра, како меѓу тезгите кај продавачите, така и меѓу купувачите. Исто така, задолжително е и носењето заштитна маска.

Надлежните служби апелираат на совесно и одговорно однесување и придржување кон мерките за заштита од КОВИД-19.