В. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски, Празникот на трудот, 1 Мај го помина работно, придружувајќи ги комуналните екипи коишто работеа на уредување на Градската депонија во Кочани.
– Состојбата на депонијата мора да ги задоволува критериумите за Кочани да има чист воздух и здрава животна средина. Денеска работевме на Градската депонија, го средивме натрупаниот отпад, воспоставиме ред при истоварувањето, сѐ со цел во пресрет на летниот период таа да биде уредена и да не претставува критична точка за аерозагадување. Направивме видеоснимка достапна на фејсбук-страницата на Општина Кочани, којашто ја покажува разликата од претходната и сегашната состојба. Општина Кочани ги презема сите законски мерки Градската депонија да функционира нормално до завршување на проектот за регионална депонија. Грижата за чист воздух и здрава животна средина се приоритет, особено што овој период од лекување се враќаат млади со ранливи дишни патишта – соопшти за јавноста Крстевски.
