Во пресрет на Рамазан бајрам, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед.
– На сите верници од исламска вероисповед им го честитам големиот верски празник Рамазан бајрам. Празникот на братската љубов и на хуманизмот нека нѐ учи сите дека верската различност треба да биде мост за зближување, за подобро разбирање и поголема толеранција.
На муслиманските верници им го честитам празникот и им посакувам здравје, бериќет и милост во секој дом, духовен, морален и солидарен напредок – стои во честитката од градоначалникот Папазов.
