На Државниот натпревар по роботика што се одржа на 1 март во Скопје, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов доби признание за поддршка на развојот на роботиката, како инвестиција во иднината, во децата, во идните генерации инженери, научници и визионери.
На натпреварот на кој учествуваа 23 екипи, од кои 16 од основни училишта од државата, учесниците, меѓу кои беа тимовите од основните училишта „Св. Кирил и Методиј“ и „Никола Карев“ и од Едукативниот центар „STEM Роботика“ – Кочани се работеше на иновативни решенија за зачувување на океаните.
Државниот натпревар по роботика беше организиран во соработка со Академијата за роботика и иновации, како регионален партнер за натпреварите во „First Lego League“ во Македонија.
Соработката на Општина Кочани со Академијата за роботика и иновации се заснова на потпишаниот меморандум, којшто ја одразува заедничката визија за иднината на младите, за креативно и иновативно општество во коешто тие се двигатели на позитивни промени и економски раст.