Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов упатува честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба:

Основањето на Македонската револуционерна организација означува почеток на организираното револуционерно движење на македонскиот народ за стекнување сопствена, независна држава Македонија. Овој датум е повод да им оддадеме почит на сите што низ вековите се бореа и го дадоа својот живот за слободата на македонскиот народ. Денот на македонската револуционерна борба е симбол на македонскиот непокор, повик да го чуваме нашиот идентитет, нашето културно и духовно наследство. Нека е честит Денот на македонската револуционерна борба – се вели во честитката од Папазов.

По повод државниот празник општински делегации ќе положат свежо цвеќе на Споменикот на слободата во Кочани, на бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче и на споменикот на Никола Карев во Паркот на Револуцијата во Кочани.